Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Лионел Меси повторно е во центарот на вниманието на светската фудбалска јавност, но не поради магиите на теренот, туку поради новата „бомба“ која ја активираше познатиот сајт „Football Leaks“.
Меси сега е актуелен поради новиот договор со Барселона. Имено, Аргентинецот во ноември парафираше нов договор и се обврза на ветност кон каталонскиот клуб до 2021 година. Во меѓувреме беше откиено за неверојатната клаузула според која Меси може да замине безплатно доколку Каталонија се отцепи од Шпанија, а најновите откритија на „Football Leaks“ ја запалија спортската јавност.
Имено, откриени се сите детали од новиот договор на Меси со Барселона, а бројките се навистина втоглави! Меси до јуни 2021 година би требало да инкасира монструозни 417.500.000 евра бруто, што е повеќе од 100 милиони евра годишно бруто.
Тоа во превод значи дека Меси годишно ќе заработува 50 милиони евра, чисти оданочени пари, што е двојно повеќе од тоа што Кристиано Роналдо го заработува во Реал Мадрид.
Притоа, „Football Leaks“ ги обави сите детали од договорот, па така од 100 милиони евра бруто, фиксниот дел изнесува 71 милион, а останатите се бонуси и премии. Меѓу другото Меси ќе добие и бонус за лојалност доколку не ја напушти Барселона до истекот на договорот во висина од 70 милиони евра.