Home Спорт Договорот е блиску: Наинголан се сели во друг голем клуб во Серија А

Договорот е блиску: Наинголан се сели во друг голем клуб во Серија А

Раководството на Интер јавно потврди дека Наинголан и Икарди не се во плановите за следната сезона и дека се ставени на трансфер листа.

Се уште се чека на нивни трансфер, а се чини дека после долги преговори, Нианголан ќе остане во Италија.

Иако имаше понуда од Кина, приоритет му е останување во Италија поради семејни причини.

Сега еден клуб од Серија А се вклучи во траката за неговиот потопис и веќе започна преговори со Интер, а станува збор за Фиорентина.

Фиорентина го сака играчот за врска на едногодишна позајмица со опција за откуп. Интер е спремен да ја прифати понудата бидејќи Наинголан не влегува во плановите на Конте, па клубот сака да се ослободи од неговата висока плата.

Фиорентина започна нов проект ова лето и сака значително да го засили тимот, а веќе ги доведе Кевин Принц Боатенг и Лирола од Сасуоло за вкупно 13 милиони евра.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…