ДОГОВОРЕНО: Во Евертон пристигнува „специјалистот за опстанок“ и ќе добива поголема плата од Зидан


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Готово! Договорот е постигнат.

Реномираниот англиски медиум, „Гардијан“ пренесува дека Сем Алардајс наскоро ќе биде претставен како нов менаџер на Евертон.

Искусниот тренер се согласил да се врати од пензија и ја прифатил понудата на „карамелите“ за договор на  18 месеци вреден девет милиони фунти. Тоа значи дека примањата ќе му бидат поголеми од оние на Зинедин Зидан во Реал Мадрид кој заработува 4.5 милиони фунти годишно, пишува Спортски.мк.

Иако пред стартот на сезоната овој клуб имаше поголеми амбиции по лошиот старт главна задача на Алардајс ќе биде да го задржи Евертон во елитата.

Тоа за овој англиски стручњак не е ништо ново, во ваква ситуацијата во својата кариера бил безброј пати. Последниот ваков случај го реши успешно кога минатата сезона го водеше Кристал Палас и покажа дека е „специјалист за опстанок“.

Да потсетиме, откако Роналд Куман беше отпуштен Евертон е предводен од Дејвид Ансворт.