Договорена средба меѓу Путин и Ким Јонг-ун – местото и датумот се чуваат во тајност


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Државните медиуми од Северна Кореја потврдија дека нивната земја и Русија договориле средба меѓу Ким Јонг-ун и Владимир Путин, но местото и терминот на истата се чуваат во строга тајност.

Државната агенција КЦНА извести дека средбата ќе се случи „наскоро“, без наведувања на прецизни термини ниту пак локација на средбата. Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков вчера кажа дека средбата може да се случи до крајот на април.

Со посетата на Ким на Русија, Северна Кореја сака да ја зацврсти меѓународната поддршка на своите економски развојни планови откако во февруари пропадна самитот на американскиот претседател Доналд Трамп и Ким, поради што сопреа преговорите за денуклеаризација на Корејскиот Полуостров и за укинување на санкциите.

По неуспешниот самит во Ханој, Ким веројатно сака да покаже дека е популарен кај светските лидери и дека има повеќе варијанти на располагање, вели професорот од Далекоисточниот федерален универзитет во Владивосток Артјом Лукин. Ким не сака да биде премногу зависен од Вашингтон, Пекинг и Сеул, вели тој, истакнувајќи дека средбата ќе ја потврди Москва како еден од главните играчи на Корејскиот Полуостров.

Соединетите Држави во март наметнаа нови санкции на севернокорејската нуклеарна програма, по пропаѓањето на разговорите меѓу Трамп и Ким во февруари. По неуспешниот самит со севернокорејскиот лидер Трамп кажа дека договор не е постигнат поради севернокорејските барања за целосно укинување на санкциите против Пјонгјанг.