Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Американската авиокомпанија за лизинг „Air Lease Corp.“ и познатиот произведувач на авиони „Boeing Co.“ склучија бизнис договор со кој првоспоменатата компанија нарачува 78 авиони во вредност од 9,6 милијарди долари.
На прес-конференцијата, за време на авиошоуто на аеродром Фарнбероу, стана јасно дека се купени три модели „Boeing 787-9“ и првите 20 летала „Boeing 737 MAX“ од вкупниот број на трансакцијата, а останатите 55 авиони се „Boeing 737 MAX“ засега се само најавени, информира „Reuters“.
„Air Lease“ изјави дека одговара флексибилно при земањето на 8-мата и 9-тата верзија на моделот „737 MAX“ и очекува да ги добие авионите меѓу 2020-та и 2024-та година, иако повеќето авиони ќе бидат доставени подоцна.
Главниот извршен директор на „Air Lease“, Џон Плугер рече дека има голем интерес од голем број авиокомпании, како и потреба од нов авион за „средниот пазар“.
„Постои дефинитивно силен интерес за глобалниот воздушен пазар на овој авион“, рече Плугер.
Стив Вудвар-Хази, извршен директор на одборот на „Air Lease“, изјави подоцна дека изборот за мотор на авионот за „средниот пазар“ авион ќе биде една од најтешките одлуки кои „Boeing“ треба да ја направи, додавајќи дека „би било убаво“ да има избор помеѓу два мотори.