Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Фудбалските гиганти Јувентус и Баерн Минхен постигнале договор за трансфер на Даглас Коста, пренесуваат добро информираните германски медиуми.
Оваа вест денес ја потврди германски „Кикер“ кој пренесува дека Јувентус за потписот на Даглас Коста ќе му плати на Баерн 40 милиони евра.
Бразилецот минтата сезона падна во втор план кај Карло Анчелоти, па очекувано беше дека ова лето ќе ја промени средината.
„Старата дама“ веќе има договор со играчот, па се очекува трансферот да биде комплетиран во следните 24 часа.
Kicker | Juventus have agreed a €40m deal with Bayern to sign Douglas Costa this summer pic.twitter.com/zJ90Az0ELm
— Bayern & Germany (@iMiaSanMia) June 18, 2017