Додик ербап: Возевме со 180 на час, не казнија, плативме и ПАК возевме со 180 на час


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, за медиумите призна дека платил казна поради пребрзо возење на автопат во Хрватска, отфрлајќи ги и негирајќи ги шпекулациите дека барал посебен третман при неговата посета на Карловац.

Додик изјави дека во Хрватска возел со повеќе од 180 километри на час и дека платил астрономска казна.

Според хрватските закони за брзо возење е предивдена казна од 3 до 7 илјади куни, односно 400 до 950 евра.

– Возевме повеќе од 180. Полицијата го застана возилото на мојата придружба, плативме казна и продолживме. Немаше никакви претресувања. Луѓето беа љубезни и ни рекоа дека радарот тоа веќе го забележал и дека не може да го поништат. Наместо да губиме неколку часа за да барам да ми ја скинат казната, плативме и продолживме и повторно возевме 180, рече Додик.