Додека Украинците гинат во војната со Русија, локални и странски олигарси им ја крчмат и купуваат земјата


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во зависност од тоа кои статистички податоци ги читате, помеѓу 100.000 и 300.000 Украинци загинаа во војната со Русија, со убедување дека ја бранат својата родна земја. Истовремено, нивната напатена и во голема мера разорана од војната земја забрзано паѓа во раце на локални олигарси и странски бизниси.

Освен една, сите десет најголеми фирми кои поседуваат земјиште се регистрирани во странство. Државата сега е трет по големина должник на ММФ и тој факт допрва ќе решава како ќе изгледа повоена Украина.

За Украинците ситуација е луз-луз . Додека тие гинат, институциите се посветени да го консолидират обработливото земјиште за локалните олигарси и западните финансиски интереси. Така вели Фредерик Мусо, директор на еден независен тинк-тенк од Оукленд.

Воен хардвер од милијарди долари беше испратен во Украина од земјите на НАТО. Во зависност од тоа во кои извори се верува, меѓу 100.000 и 300.000 украински војници (можеби и повеќе) загинале за време на конфликтот со Русија. Загинаа верувајќи дека ја бранат својата родна земја. Земја која е меѓу најплодните во светот.

Професорката Олена Бородина од украинската академија на науките вели:

Денес, илјадници рурални момци и девојки, земјоделци, се борат и умираат во војната. Тие имаат изгубено сè. Истовремено, забрзано се либерализира купувањето земјиште. Ова реално ги загрозува правата на Украинците на нивната земја, за која тие ги даваат своите животи“.

Бородина се цитира во извештајот од февруари 2023 година на Институтот Оукланд „Војна и кражба: преземање на земјоделското земјиште на Украина“, кој открива како олигарсите и финансиските интереси ја прошируваат контролата врз земјоделското земјиште во Украина со помош и финансирање од западните финансиски институции.

Помошта дадена за Украина во последниве години е поврзана со радикална програма за структурно прилагодување со закони што водат до поголема концентрација на земјиштето во рацете на моќните интереси. Програмата, исто така, вклучува мерки за штедење, намалувања на мрежите за социјална заштита и приватизација на клучните сектори во економијата.

„И покрај тоа што Украина е во центарот на информативното и политичкото внимание, малку се гледа суштината на конфликтот – кој ја контролира земјата во државата позната како „житницата на Европа“. Одговорот на ова прашање е најважен за разбирање на главните влогови во војната“, вели Мусо.

Извештајот покажува дека во моментов речиси 30% од обработливото земјиште во Украина (над 9 милиони хектари) го контролираат олигарси, корумпирани поединци и големи агробизниси. Остатокот го користат над осум милиони украински земјоделци.

Украина, сезона на жнеење

Најголемите земјопоседници се мешавина од украински олигарси и странски интереси – главно европски и северноамерикански, како и фондот на Саудиска Арабија. Голем број големи американски пензиски фондови, и универзитетски фондации имаат инвестирано во украинско земјиште преку NCH Capital – приватен капитал со седиште во САД, кој е петти по големина сопственик на земјиште во Украина.

Освен една, сите десет најголеми фирми кои поседуваат земјиште се регистрирани во странство, главно во даночните раеви како Кипар или Луксембург. Извештајот идентификува многу познати инвеститори, како Vanguard Group, Kopernik Global Investors, BNP Asset Management Holding, NN Investment Partners Holdings (која е во сопственост на Голдман Сакс) или Norges Bank Investment Management (која управува со државниот фонд на Норвешка).

Повеќето од агробизнис фирмите се сериозно должни кон западните финансиски институции, особено на Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициска банка и Меѓународната финансиска корпорација – приватен сектор на Светската банка.

Во меѓувреме, украинските земјоделци мораат да работат со ограничени количини земја и финансии и многумина се на работ на сиромаштија. Меѓународните финансиски институции всушност ја субвенционираат концентрацијата на земјиштето и деструктивниот индустриски модел на земјоделство заснован на интензивна употреба на синтетички инпути, фосилни горива и монокултура од масовни размери.

Фондовите обично во земја инвестираат 10 до 15 години, имаат одличен поврат на средства и профит по што се повлекуваат, оставајќи исрцпена и опустошена земја.

Додека големите агробизниси се насочени кон извозни пазари, малите и средните земјоделци во Украина се тие кои ја гарантираат храната во земјата. Според официјалните статистики на Украина, малите земјоделци во Украина кои работат со 16% од земјоделското земјиште, обезбедуваат 55% од земјоделското производство, вклучително 97% компир, 97% мед, 88% зеленчук, 83% овошје и бобинки и 80% млеко.

„Украина сега е трет по големина должник во светот на Меѓународниот монетарен фонд и нејзиниот осакатувачки должнички товар најверојатно ќе резултира со дополнителен притисок од нејзините доверители, сопственици на обврзници и меѓународни финансиски институции за тоа како треба да се одвива повоената реконструкција на земјата- која се проценува дека ќе чини 750 милијарди американски долари,” заклучува извештајот на Институтот Оакленд.

Извор: Оффнет