Додека светот се моли за Сала, Нант и Кардиф се „фатија за гуша“ за парите!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Исчезнувањето на Емилијано Сала создаде големи проблеми помеѓу Нант и Кардиф потради отштетата за неговиот трансфер.

Премиерлигашот се согласи да му плати 17 милиони евра на Нант за услугите на 28-годишниот аргентински напаѓач, но меѓувреме, Сала исчезна заедно со авионот во кој беа тој и пилотот.

Поради тоа што Емилијано Сала го комплетираше трансферот во Кардиф и беше регистриран како нов играч на премиерлигашот, клубот е законски обврзан да ја исплати отштетата.

Меѓутоа, англиските медиуми пишуваат дека Кардиф ја запрел исплатата на првата рата од 6 милиони евра, бидејќи има намера да го тужи Нант поради „небрежност“ заради тоа што Сала се враќаше оттаму кога исчезна неговиот авион.

Според Кардиф, менаџерите не биле во можност да организираат легален лет за нивниот клиент и го пуштиле да патува со пилот, кој нема комерцијална дозвола за летање.

Нант има документ кој потврдува дека играчот не е нивна сопственост и му припаѓа на Кардиф и клубот мора да плати за играчот. Од друга страна, трансферот на играчи во клубови од различни земји бара посебен сертификат за трансфер (ITC), кој недостасува.

Не е јасно како ќе се заврши овој случај, но јасно е дека претстои долготрајна судска постапка. Исходот од неа најверојатно ќе ги промени правилата на фудбалот, кои се однесуваат на овој аспект.