Додека се шеташе низ Лондон случајно самата сними како ја ограбуваат три жени (видео)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Нина Спенсе од Тајланд се шеташе по улиците на британската метропола Лондон, кога за време на прошетката, случајно самата сними како неколку жени, за само неколку секунди, ја ограбија среде лондонската гужва.

Таа за време на нејзината посета на Лондон останала без паричникот, во кој имала пари и картички. Таа дури отпосле се сетила дека снимала додека шетала низ градот и во еден момент на снимките видела како три организирани жени вешто ја ограбуваат во гужвата.

За само неколку секунди се гледа како една жена гледа преку рамото на Нина , додека другата гледа во торбата на нејзината пријателка Тои.

Откако набрзина им ги зеле паричниците и си ги подале, се појавила трета жена , исто со очила за сонце , која украдените предмети ги сокрила под палтото. Трите жени наеднаш се свртеле и заминале во спротивна насока.

Нина со пријателката Тои дури отпосле виделе дека се ограбени , пријавиле во полиција , но украдените паричници не им се вратени.