Додека пееше, во Хрватска почна војната: Вака изгледаше распадот на Југославија на Евровизија


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Бившата СФР Југославија на Евросонг учествуваше 27 пати. Дебитираше во 1961 година и се натпреваруваше секоја наредна до 1992, освен 1977, 1978, 1979, 1980 и 1985 година. А во 1989 година Југославија прв и единствен пат победи на натпреварот за Песна на Евровизија. Групата Riva и Rock Me го доведоа евровизискиот натпревар во Загреб.

После настапот на Тајчи во 1990 година, федерацијата се распадна, а распадот на системот јасно се гледаше и на изборите за Евросонг кои следеа.

Веројатно многумина од повозрасните генерации памтат дека последна претставничка на сите југословенски народи на Евровизија беше Беби Дол со нејзината песна „Бразил“. Во 1991 година, националниот избор за песна на Евровизија беше одржан во Сараево, на 9 март, денот кога почнаа демонстрациите против Слободан Милошевиќ во Белград.

Додека тенковите ги разбиваа демонстрантите и протестите низ Белград, во Сараево екипата бираше песна за Евровизија. Победи Беби Дол на четврт пат, а хрватските и словенските претсавници се побунија поради надгласувањето на триото српски жири (ТВ Приштина, ТВ Нови САД и ТВ Београд).

Сепак, Беби Дол замина на Евросонг, а во Хрватска почна веројатно најапсурдната војна на сите времиња (не дека другите војни имаат некоја суштинска смисла).

Беби Дол не се прослави на Евросонг, а единствениот бод кој го доби стигна од Малта, па заврши на претпоследното место. Следната година на националниот избор за песна на Евровизија не учествуваа Хрватска, Словенија и Македонија. Југославија таа година на Евровизија ја претставуваше Екстра Нена.