Додека мнозинството се бори „да врзе крај со крај“ – светските милијардери го зголемија личното богатство на 10,2 трилиони долари


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Доказ дека парата на пара оди е актуелната ситуација со економијата и приватното богатство на најбогатите луѓе на светот. Додека светските економии дополнително тонат во долгови и се призадолжуваат, а мнозинството светско население од месец во месец води борба за стабилен домашен буџет, тесниот круг на светски милијардери го зголеми своето богатство на 10,2 трилиони долари, велат податоците од студијата на консултантската фирма PwC и главната швајцарска банка УБС.

Според податоците објавени денеска, за време на пандемијата на коронавирус, вкупното богатство на светските милијардери се искачило на 10,2 трилиони долари.

УБС наведува дека нивното богатство пораснало за 27,5 проценти од почетокот на кризата предизвикана од пандемијата на коронавирус, односно од април до јули.

УБС исто така објави дека богатството на милијардерите достигнало нов максимум, надминувајќи го претходниот врв од 8,9 трилиони долари, достигнат на крајот на 2017 година.

Зголемувањето на нивното богатство делумно се должело на закрепнувањето на берзите и акциите, односно на нивните инвестиции во брзорастечките области како што се технологијата и здравствената заштита, што се покажале како нови двигатели на богатството, покажуваат резултатите од студијата.

Милјардерите профитирале уште повеќе од кризата бидејќи купиле повеќе акции на компании во време кога се распаѓаа пазарите ширум светот.

А, бројот на милијардери достигнал нов максимум. Денес ги има 2189, додека во 2017 година имало 2158. Сите имаат богатство од повеќе од милијарда долари.

Најбогатиот човек на светот е сè уште шефот на американската компанија Амазон ,Џеф Безос. Неговото богатство се проценува на 189 милијарди долари.