Home Шоубизнис Додека Мирослав не покажуваше интерес, овој маж му даде љубов и презиме на Девин: Ова е сопругот на Мирјана Антоновиќ, со кој има ќерка

Додека Мирослав не покажуваше интерес, овој маж му даде љубов и презиме на Девин: Ова е сопругот на Мирјана Антоновиќ, со кој има ќерка

Сопругот на Мирјана Антоновиќ за Девин беше татковска фигура

Мирјана Антоновиќ е позната на домашната јавност по долгогодишната борба што ја води со нејзината поранешна љубов, Мирослав Илиќ. Мирјана и Мирослав во минатото имаа афера од која, како плод на љубовта, се роди Девин.

Сепак, Мирослав не го призна својот син, а некогаш за медиумите изјави дека Девин Антоновиќ има само еден татко – сопругот на Мирјана Антоновиќ.

− На таа госпоѓа ѝ порачав дека нејзиниот син има еден татко, а тоа е оној кој го признал и кој во документите се води како негов татко. Но, ако таа сака тој човек повеќе да не му биде татко, туку јас, прво мора да го поништи татковството на тој господин – изјави тогаш Мирослав.

Сопругот на Мирјана Антоновиќ беше Даниел, бизнисмен и сопственик на компанија за производство на крзно, чијашто заштитно лице беше Мирјана. Двојката се запозна преку работата, а во бракот добија ќерка Дијана.

Иако подоцна се разведоа, Мирјана и Даниел сè уште се во блиски односи, а нејзиниот поранешен сопруг откри како и зошто му го дал своето презиме на Девин:

− Кога Девин наполни шест години и требаше да тргне на училиште, а Мирослав не се јавуваше, Мирјана ме замоли да му го дадам моето презиме, за да биде исто како она што го носи неговата сестра, со цел детето да има помалку проблеми во училиштето. Таа беше одговорна за финансиските обврски и за неговото издржување. Прифатив. Адвокатот брзо ги поднесе документите и Кристијан стана Девин кога имаше шест години. Од почетокот знаев за сите случувања околу тужбата и утврдувањето на татковството – рече Даниел Антоновиќ.

И денес, Даниел и Девин се многу блиски, а Девин го доживува како свој татко и многу го почитува.

− Треба да се разјасни дека јас од раѓањето на Девин бев свесен дека тој не е мој биолошки син. Мирјана и јас претходно со години бевме разделени и не живеевме заедно, а веќе бевме во процес на развод. Набргу по раѓањето на Девин, дознав дека негов биолошки татко е Мирослав Илиќ – изјави тогаш Даниел.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …