Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Франција на Мундијалот во Русија дојде до втората светската титула, но има и такви кои го критикуваат селекторот Дешамп.
Поранешниот играч на ПСЖ, Хатем Бен Арфа го критикуваше Дешамп за начинот на кој игра репрезентацијата и го повика да си даде оставка.
„Ќе биде опасно Франција да се крие зад овој втор триумф на СП и да го претвори стилот на тимот во референтна точка. Не можете да го сокрите фактот дека ултра-циничниот стил на францускиот тим е прилично грд. Не сакам тоа да стане норма на клупските академии, бидејќи луѓето честопати се обидуваат да ги копираат најновите победници на Светското првенство. Се разбира признавам дека нивниот метод е многу ефикасен и добро применет“, изјави Бен Арфа.
„Знам дека на голем број играчи не им одговара овој стил на игра. Стилот на игра е многу лош. Секако, имаше ефект, но ние всушност живеевме од грешките на противникот. За Дешамп ќе биде најдобро да си замине, а новиот селектор да го искористи потенцијалот и да ги пушти фудбалерите да уживаат“, додаде Бен Арфа.