Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Уште една порција тензии меѓу Софија и Скопје. Говорот на македонскиот премиер Зоран Заев предизвика остра реакција на една од владејачките партии во Бугарија, пишува бугарскиот портал Днес, ден откако беше објавео дека е подготвен Анекс на Договорот за пријателство, од страна на двете помали бугарските владејачки партии ВМРО-БНД и АТАКА
Македонскиот јазик ќе официјален јазик во Европската унија, напиша тој на Фејсбук пред кампањата за референдумот кој следи за договорот меѓу Македонија и Грција.
Овие тврдења на македонскиот премиер од бугарската партија ВМРО кажаа дека се бесмислени.
„Нема никаков спор во историските и лингвистичките делови. Македонскиот јазик е западно- бугарски дијалект. Друго е прашањето како државата си го нарекува јазикот во нивната конституција, но во меѓународното право јазикот не се претставува или препознава“, коментираше околу оваа изјава на Заев европратеникот и претседател на бугарското ВМРО, Ангел Џамбаски.
На прашањето дали ќе се признае македонскиот јазик, тој вели дека тоа не е на агендата, бидејќи вистината е повеќе чиста.
„Сите бугарски граѓани, кои некогаш се сретнале со нашите браќа во Република Македонија знаат дека ние немаме проблем да го користиме истиот јазик, имено бугарскиот“, изјави Џамбаски.
Откако бугарскиот претседател Румен Радев побара анекс на договорот меѓу Македонија и Бугарија во средата вечерта бугарските политички партии кои се дел од владејачката гарнитура, ВМРО-Бугарското национално движење и АТАКА и официјално потврдија дека веќе е подготвен анекс на Договорот за пријателство, пренесе EUSCOOP.
Двете политички партии бараат Македонија „да престане со присвојување и погрешно претставување на бугарската историја. Лидерот на АТАКА, Волен Сидеров, ја објави информацијата и изјави дека веќе ги подготвил условите на анексот. Тој вели дека договорот за пријателство дозволува таква промена.
„Во принцип, во анексот се наведува дека Македонија треба да се воздржи од присвојување на историски настани и личности: владетели од Првата бугарска империја од цар Крум до цар Владислав, сите историски личности се поврзани со борбата за национално ослободување и така натаму, сите историски настани поврзани со таа ера. Накратко, сакаме една гаранција од македонската држава да престане со своите невнимателни активности кои се однесуваат на нашата историја и да предизвикаат вознемиреност “.
Од партијата ВМРО-Бугарското национално движење, бараат да не се меша со ВМРО-ДПМНЕ, и додаваат „Нашите предци никогаш не направиле разлика меѓу Македонија и Бугарија. Тоа се два збора за истото!“
Од ВМРО-БНД велат дека имаат разбирање за премиерот на земјата, Зоран Заев, дека е во деликатна позиција со претстојниот референдум, но, исто така, потсетуваат дека Бугарија „ќе го има последниот збор“ за Македонија да влезе во Европска унија. Додаваат и дека Македонија станала позната по бизарните и неточни историски тврдења во врска со историјата на Бугарија и дека за повеќето Бугари земјата и македонското население се етнички, културно и историски бугарски.
Претходно кон средината на август, по премиерот Бојко Борисов, и претседателот на Бугарија, Румен Радев изјави оти смета дека македонскиот премиер, Зоран Заев, не ѝ се извинил на соседната земја по изјавата дека „Илинденското востание е македонско“.
Шефот на бугарската држава во изјава рече дека Заев не се извинил експлицитно, освен што изразил жалење и притоа истакна дека „не е задоволен“ од извинувањето коешто македонскиот премиер го даде на социјалните мрежи.
„Доволно ли е тоа извинување? Вие слушнавте извинување? Јас не слушнав. Преку фејсбук не е извинување. Заев посочи дека направил грешка, но не ги исправи зборовите. За мене не е објасниво некој да каже дека бугарската влада не реагира така како што треба да реагира. Според мене, недозволиво и неприфатливо е евроатланската перспектива на Македонија да биде ставена пред бугарската историја, идентитет и суверенитет. Не може долгорочните интереси на Бугарија се жртва на политичкиот маркетинг“, рече тогаш Радев.
Радев притоа рече дека се’ не може да се подведува под политички „пи-ар“ и да на се мисли „долгорочно“ поради што ја повика бугарската влада да процени дали има прекршување на некоја од точките од Договорот за добрососедски односи. Бугарскиот претседател очекува неговата земја да спроведе мерки за санкционирање на Македонија, нагласувајќи дека Бугарија ги има сите основи склучување за дополнителен анекс-договор за промена на односите со Македонија.
Претходно премиерот Заев им се извини на премиерот на Република Бугарија, Бојко Борисов, како и на „пријателите и браќата“ Бугари, со свој фејсбук статус, за зборовите кажани во телевизиското интервју на 1ТВ на 4-ти август, дека Илинденското востание е македонско.
Овој пост следуваше еден ден по предупредувањето од Борисов дека „кога ќе дојде време Бугарија да го искаже своето мислење за пристапување на Македонија кон ЕУ, ќе се сети на овие зборови и ќе донесе своја одлука“.
Меѓутоа во Софија регираа на „бавната“ ракција на бугарските челници на изјавата на Заев и во понеделникот. Така, политичкиот аналитичар професорот Михаил Константинов за Радио Фокус изјави дека „изостанала моментална ракција по антибугарската постапа на македонскиот премир Зоран Заев, како од страна на премиерот Бојко Борисов, така и од претседателот Румен Радев“, во контекстот на несинхронизираноста во реакциите на надвоешнополитички случувања на тамошниот државен врв.
Извор: Нетпрес