Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Доколку се бара вистинското значење на Божиќ, сигурно дека едно од местата каде можете да го најдете тоа е лондонскиот ресторан чии сопственици се муслимани.
Ресторанот Shish, чија специјалност е турската кујна, за католички Божиќ нуди бесплатен оброк за стари лица и бездомници, бидејќи, како што пишува на натписот на нивниот ресторан, никој не јаде сам за Божиќ. Пораката која го кажува тоа првично беше напишана во ракописна форма.
„Ние само им помагаме на луѓето. Многумина од оние кои Божиќ го поминуваат дома, сами. А не мора да биде така. Можат да дојдат овде и да се забавуваат“, вели член на персоналот во ресторанот за BuzzFeed.
Оброкот вклучува супа и ѕаѕик (традиционално турско јадење со јогурт и краставици) за предјадење, пилешко ил вегетаријанско главно јадење и пудинг со ориз за десерт.