Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Белорускиот суд донесе пресуда со која Алес Бјалацки, добитник на Нобеловата награда за мир, го осуди на 10 години затвор.
Во соопштението на Центарот за човекови права „Вјасна“, се наведува дека Бјалацки е осуден за шверц и финансирање „активности кои грубо го нарушуваат јавниот ред“.
Поддржувачите на 60-годишниот Бјалацки тврдат дека авторитарниот режим на претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко се обидува да го замолчи овој борец за човекови права.
Бјалацки беше еден од тројцата добитници на Нобеловата награда за мир во 2022 година.
Тој беше уапсен во 2021 година по масовните протести предизвикани од, како што тврди белоруската опозиција, кражба на претседателските избори.
Овие избори се одржаа во август 2020 година, а според официјалните податоци Лукашенко извојува убедлива победа.
Полицијата брутално интервенираше во протестите, а бројни опозиционери и критичари на претседателот Лукашенко завршија зад решетки од 2020 година.
Бјаљацки пред судот се појави заедно со уште двајца активисти Валентин Стефанович и Владимир Лабкович.
Стефанович беше осуден на девет години затвор, додека Лабкович доби седум години, според организацијата за човекови права „Вјасна“, која Бјалацки ја основаше во 1996 година.
Сите тројца претходно се изјаснија за невини.