Добитник на Нобелова за хемија за 2019: Тој е најстариот нобеловец во историјата


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Откако овогодинешната Нобелова награда за хемија ја добија Џон Б. Гудинаф, Стенли Витингем и Акири Јошино, првоспоменатиот стана најстариот добитник на оваа престижна научно-општествена награда.

Нобеловата награда за хемија оваа година е доделена на Џон Б. Гудинаф, Стенли Витингем и Акири Јошино за развој на литиум- јонски батерии.

97-годишниот Гудинаф е најстариот човек до сега кој добил Нобелова награда. Литиум- јонските се првите навистина лесни батерии кои го отвориле патот за преносна електроника, како мобилни телефони, пејсмејкери и електрични автомобили.

Во раните седумдесетти, Стенли Вингем ја развил првата функционална литиумска батерија.

Џон Гудинаф го дуплирал потенцијалот на литиумската батерија, создавајќи услови за значително посилна и покорисна батерија.

Акира Јошино успеал да го елиминира чистиот литиум од батеријата, правејќи ја попрактична.