Доби Златен глобус, па се заблагодари на сопругата и на ЉУБОВНИЦАТА


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


На луѓето не им се веруваше што слушаат кога актерот Јуан МекГрегор, кој е тазе добитник на престижната награда Златен глобус за најдобра улога во серијата Fargo, ги искажа благодарностите при приемот на статуетката.

Одличниот актер МекГрегор во својот победнички говор, меѓу другите, им изрази благодарност на својата сопруга на својата сопруга Ева Мавракис, но и на Мери Елизабет Винстед, со која јавно ја изневери сопругата.

„Сакам да се заблагодарам на Ева која беше покрај мене 22 години заедно со нашите деца“, рече Јуан, за потоа, во продолжение да ја спомене и Мери.

МекГрегор со Ева доби четири деца, а во брак беа од 1995 година. Добро, треба да се напомене дека благодарност до својата љубовница изрази во рамки на заблагодарувањето кон луѓето кои беа дел од серијата. Имено, Мери и Јуан беа партнери во Fargo, па тој ја спомена неа како дел од екипата.

Сепак, Твитер не простува, па многумина јавно прашуваа како можеше во ист говор да ги смести сопругата, децата и љубовницата.