Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Арнолд Блек го тужеше источен Кливленд и неговите полициски служби за полициска бруталност и насилство, а овој случај сега доби и судски епилог.
Поротата на судот во Кливленд додели 50 милиони долари отштета на човекот кој тврдел дека полицајците го тепале додека бил врзан со лисици и дека го заклучиле во магацин каде го држеле четири дена без храна и вода и без тоалет.
Поротата на 52-годишниот Блек, му доделила 20 милиони долари за надокнада на штета и 30 милиони долари казнена оштета.
Првично, во јуни 2016 година, друга порота на округот Кајахога му додели на Блек 22 милиони американски долари по тридневното судење во кое Источен Кливленд немаше бранител. Градот тогаш поднесе жалба, па случајот беше вратен на Основниот суд на округот Кајхагога на повторно судење, каде беше изречена значително повисока отштета.
Блек беше уапсен во април 2012 година, откако детектив во Источен Кливленд побарал од униформиран полицаец да го запре неговиот камион под сомнение дека внатре се наоѓа големо количество кокаин. Според тужбата, детективот Ренди Хикс почнал да го удира Блек во лице и глава бидејќи не пронашол друга, а униформираниот полицаец го држел осомничениот криминалец.