Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Манекенката Слик Вудс откри дека на модната ревија на која се промовираше новата линија секси долна облека со дизајнерски потпис од популарната пејачка Ријана, ги носела секси дизајнерските парчиња додека имала породилни болки.
Вудс на пистата се шеташе во минијатурна долна облека која минималистички го прекриваше само меѓуножјето и пупките од градите, а 14 часа после модната ревија се породи и роди син.
За сето ова таа проговори на својот Инстаграм профил.
„Ова е лицето на жената која има породилни болки. Четиринаесет часа после ова се роди кралот. Понекогаш навистина не знаеме колку можеме да издржиме. Сакам да кажам дека можам да направам ебено сè што сакам и кога сакам, а истото го можете и вие“, напиша Вудс на Инстаграм.
Брза помош била повикана веднаш штом Вудс се симна од модната писта, а поради облеката која ја носеше неколку часа пред породувањето, таа стана вистинска ѕвезда.