Доајенот на битолскиот театар, Петар Мирчевски, добитник на наградата за животно дело „4 Ноември“


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Доајенот на Народниот театар од Битола и култен македонски театарски и филмски актер, Петар Мирчевски е добитник на највисокото општинско признание во Битола, наградата „4 Ноември“ за животно дело.

За наградата одлучи Управниот одбор при Советот на Општина Битола. Мирчевски е избран меѓу петтемина истакнати битолчани: новинарот и фоторепортер Петар Ставрев, писателот Петре Димовски, професорката по англиски јазик, сега во пензија и поранешен почесен конзул на Велика Британија во Битола, Лилјана Спировска и познатиот специјалист ортопед во пензија Томислав Зиновски.

Годинава нема да има доделување на едногодишни награди зашто никој од пријавените не го доби потребното мнозинство гласови од комисијата. За едногодишни награди конкурираа професорката по англиски јазик Марија Магдалена Петковска -Микаровска позната во јавноста по акцијата „Мети си со Класнето“, како и неколку ученици, наставници и Народниот театар Битола.