Славни

Доаѓа од Вашингтон и го освои континентот: Таа е новата Мис Америка

Претставничката на американскиот главен град Вашингтон, Кара МекКалоф победи на изборот за Мис Америка за 2017 година.

МекКалоф, која е по професија хемичарка и работи за Комисијата за регулирање на нуклеарната енергија во САД, победи на натпреварот што се одржа синоќа во Лас Вегас.

Прва придружничка е Мис Њу Џерси, Чави Верг, а втора придружничка – Мис Минесота, Меридит Гулд.

На натпреварот учествуваа 51 девојка од САД, секоја претставувајќи ја својата сојузна држава.

Advertisements
To Top