Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Вооружени агенти вчера ги апсеа директно во нивните домови холивудските ѕвезди Фелисити Хофман и Лори Лафлин, кои се обвинети за давање мито и фалсификување документи со цел да ги запишат своите деца на престижни американски универзитети.
Актерката Фелисити Хофман и сопругот на актерката Лори Лафлин, Масимо Џанули се ослободени од притвор со кауција , откако беа уапсени во големиот скандал со даваше мито за запишување на престижни универзитети, заедно со уште 48 богати родители.
Ѕвездата на серијата „Очајни домаќинки” е пуштена со кауција од 250.000 долари. Се товари дека платила 15.000 долари прикриени во облик на донација за да биде преправен резултатот од тестот на нејзината ќерка за упис на факултет. Така ќерката добила 1.420 поени , односно 400 поени повеќе отколку на тестот што го пополнила една година претходно, а кој бил еден од условните фактори за упис на факултет.
Во обвинението се наведува дека во измамата учествувал и нејзиниот сопруг, актерот Вилијам Мејси, кој се согласил со планот за да им се помогне при уписот на двете ќерки, 18-годишната Софија и 16-годишната Џорџија. Актерката е снимена како излегува од притворот и избегнува да одговори на прашањата на новинарите.
Фелисити Хофман го предала пасошот во судот, што значи дека има ограничено движење. Во нивниот дом во Холивуд Хилс се појавиле седум агенти на ФБИ во 6 часот наутро , извадиле оружје и им наредиле да се предадат.
Од притвор е пуштен и модниот дизајнер Масимо Џианули, сопруг на актерката Лори Лафлин со кауција од милион долари. Како гаранција, семејството го вложило нивниот дом во Холивуд.
Двајцата мора на 29 март да се појават на суд. Актерката Лори Лафлин исто требало да биде приведена, но за време на акцијата била на снимање во Ванкувер.
Таа вчера се предаде во полицијата во Лос Анџелес. Лорин и сопругот платиле половина милион долари за да ги запишат своите ќерки на Универзитетот Јужна Каролина.