До Врање по масло – македонско животиште


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Наглото покачување на цените за основните намирници во македонските супермаркети ги натера дел од граѓаните да почнат да бараат алтернатива за набавка на поевтини продукти со цел основната потрошувачка кошница да ги чини нешто помалку.

Еден од тие патишта води надвор од границите на државата, односно до маркетот „Лидл“ во Врање, Србија, пренесува ПлусИнфо.

Од порталот пренесуваа дека разговарале со семејство од Скопје кое скоро секоја втора сабота во месецот се упатува кон Врање и ги купува основните продукти по драстично пониска цена од таа во нашите супермаркети.

– Едно литро зејтин во Врање чини 110 денари, а тука е 160 денари. Разликата е дури 50 денари, па ние најчесто купуваме по еден пакет со шест шишиња зејтин. Еден килограм брашно таму е 35 денари, а тука е 60 денари. Шпагетите и нудлите таму се по 25 денари, а тука се 75 денари. Еден килограм пилешки стек во Врање чини 200 денари, а кај нас е 305 денари. Едно пакување кори за пита таму е 30 денари, а тука е 50 денари. Прашок за перење облека од 8.4 килограми таму чини 380 денари, а тука истиот тој прашок е 800 денари – изјавила соговорничката за ПлусИнфо.