До вчера нови 20 случаи на КОВИД-19 во Македонија – Караџоски вели дека случаите се резултат на Велигден и Први мај


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Заклучно со вчерашниот ден во Македонија беа регистрирани 20 случаи на пациенти заразни од КОВИД-19, како и 25 оздравени лица. Податоците се базираат врз основа на направени 275 тестови бележи дневниот билтен на Министерството за здравство.

Вчера беше втор пат по 23-ти април во Македонија да нема смртен случај од вирусот на дневна основа.

Во Скопје бројот на позитивни случаи е 12. Во Прилеп има 3, во Тетово 2 а во Куманово, Гостивар и Битола има по еден нов случај.

Новозаразени пациенти со КОВИД-19 до вчера, 10 мај:

Скопје-12

Куманово-1

Прилеп-3

Тетово-2

Битола-1

Гостивар-1

Заклучно со овие бројки досега се регистрирани 1642 заболени од корона во земјава. Од нив, 1211 се забележани во последните 30 дена, што се поклопува со проценките на властите за пикот на заразата. Во овој период, најмногу заразени се регистрирани на 16 април – 107 лица, а најмалку на 3 мај – само 5 лица.

Активни случаи во моментов има 415. Една третина од нив се во главниот град.

ВКУПНО ДИЈАГНОСТИЦИРАНИ – 1642 / АКТИВНИ – 415

1. СКОПЈЕ – 550 / активни – 132

2. КУМАНОВО – 408 / активни – 53

3. ПРИЛЕП – 176 / активни – 68

4. ТЕТОВО – 110 / активни – 54

5. ВЕЛЕС – 107 / активни – 49

По намалените бројки на стартот од месецов кои влеваа надеж, повторно има скок на нови случаи. За професорот Драган Даниловски ова не е случајност. Вели дека ја оправдува завчерашната воздржаност на Комисијата за заразни болести да ги олабави мерките – токму поради причината дека и граѓаните си дозволиле да се опуштат.

И од Комисијата за заразни болести вчера особено изразија загриженост од бројот на новозаболени лица од коронавирусот кој го имаше до саботата – 36, особено во полошкиот регион, каде во Тетово и Гостивар има нови 13 случаи, но и во Велес и Скопје.

Затоа било одлучено дека нема да бидат препорачани никакви мерки за олабавување, со цел да се утврди дали станува збор за состојба која се случува само еден ден или е нешто што ќе треба дополнително да се анализира, согласно резултатите од тестирањата во наредните два дена, изјави за Телма, прим. д-р Жарко Караџовски.

„Она што ние денеска констатиравме е дека треба да направиме увид на терен, за што ќе се формираат два тима, во состав: епидемиолог, инфектолог, претставник на Министерство за здравство и на Државен санитарен и здравствен инспекторат. Овие четири лица ќе одат на увид во Центарот за јавно здравје Тетово и Центарот за јавно здравје во Велес и будно ќе ја следиме состојбата во наредните неколку дена и никаква одлука за олабавување на мерките нема да биде донесена додека не се добие информација за трендот на движење на заразното заболување ковид-19. Денеска констатиравме дека 20 лица од овие 36 биле во контакт со заразено лице. Тоа значи дека, најверојатно, се работи за непочитување на мерките кои се донесени во изминатиот период. Согласно инкубацијата на ова заболување од 10 до 14 дена, ние ги лоцираме проблемите дека се случиле некаде околу Велигден и 1 Мај”, изјави Караџовски.