До сега невидено: Две тенисерки во исто време го предадоа мечот!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Американката Саша Викери, која во четвртокот загуби од Лина Ѓорческа, во првото квалификациско коло за пласман на првиот грен слем во сезоната Аустралијан Опен, пред два дена била актерка на еден од најсрамните мечеви во историјата на тенисот.

Имено, Викери е дел од мечот на турнирот во Хобарт на кој судијата се соочил со неверојатно бизарна ситуација, бидејќи и двете тенисерки во ист момент му порачале дека се предаваат поради повреда.

Викери и нејзината противничка Белгијката Елис Мертенс по само еден гем го предале мечот, а судијата решил дека Викери прва побарала лекарска помош и победата и ја доделил на Мертенс.

Причината за неспортско однесување на двете тенисерки бил првиот грен слем во сезоната, Австралија Опен, односно квалификациите за пласман во главниот турнир.

Сепак, Викери немаше многу среќа бидејќи налета на нашата Лина Ѓорческа која победи и направи историја во македонскиот тенис.