До крајот на овој век планетата Земја ќе има околу 8,8 милијарди жители


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Според проценките на студијата објавена во „Лансет“, 183 од 195 земји имаат ниска стапка на плодност. Тоа, до крајот на овој век, ќе резултира со помала бројност на луѓе на планетата Земја од проценките на ОН.

На Земјата во 2100-та година ќе има 8,8 милијарди луѓе, две милијарди помалку од проценките на Обединети нации, според студија објавена во средата, како резултат на опаѓање на стапката на плодност и стареење на популацијата, објави меѓународниот тим на научници во списанието „Лансет“.

Според студијата, 183 од 195 земји имаат ниска стапка на плодност. Според анализата, бројот на деца помлади од 5 години ќе падне од 681 милион на 400 милиони во 2100-тата. Бројот на лица постари од 80 години ќе се зголеми од 141 милион на 866 милиони. Една од најпогодените земји ќе биде Јапонија. Јапонското население ќе падне од 128 милиони на околу 50 милиони до крајот на векот. Кина ќе има најмногубројно население во следните четири години и ќе достигне 1,4 милијарда, но населението во оваа земја ќе се намали на 732 милиони, а Индија ќе стане најнаселена земја во светот.