Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
До крајот на првиот месец од 2019 година ќе биде избран универзалниот снабдувач на пазарот на струја.
Од Регулаторната комисија за енергетика очекуваат до тогаш да се закаже аукцијата за јавно поддавање, на која што ќе учествуваат двете фирми што се пријавија на тендерот, ЕЛЕМ Трејд и ЕВН Снабдување. Тендерот ќе го добие таа фирма што на јавното поддавање ќе понуди пониска маржа.
Целосната либерализација на пазарот на електрична енергија стартуваше со почетокот од новата година. Досега струја на слободниот пазар можеа да купуваат само поголемите потрошувачи. Сега веќе и помалите потрошувачи што користат индустриска струја, но и домаќинствата може да одберат која фирма ќе ги снабдува со електрична енергија.
Во земјава има 8 активни снабдувачи на слободниот пазар на струја. Од вкупната потрошувачка, меѓу 40% и 45% од струјата се купува на слободниот пазар. Со тоа, Македонија е лидер во регионот во однос на либерализацијата на пазарот на струја, но и според бројот на снабдувачи на слободниот пазар.