До крајот на февруари поради истечен рок на траење ќе бидат уништени 300.000 дози од вакцините на Фајзер


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


На скопската депонија Дрисла до крајот на февруари 300.000 дози од Фајзер вакцините ќе мора да бидат уништени како медицински отпад поради поминат рок на траење.

Од Министерството за здравство велат дека деловна тајна е податокот за тоа колку чинеле вакцините кога се набавиле и колку ќе чини уништувањето. Во Македонија опаѓа интересот за вакцинација против ковид-19.

Од министерството информираат дека на залиха имаат 113.000 вакцини на „Фајзер“ со рок на траење до јуни и 60.000 вакцини од истиот производител со рок на употреба до јули.

Италија ни донира 250.000 вакцини на Фајзер кои треба да пристигнат неделава. Според договорот на Македонија со компанијата Фајзер, од мај до декември во земјава треба да пристигнат 500.000 вакцини.

Опфатот на вакцинирани лица во Македонија со две дози е 41 отсто. 128 илјади лица примиле трета доза од вакцината.