Home Актуелно До крајот на денешниот ден Заев треба да поднесе оставка од премиерската функција

До крајот на денешниот ден Заев треба да поднесе оставка од премиерската функција

Премиерот Зоран Заев денес до полноќ треба да поднесе оставка за да се исполни критериумот за формирање на техничка влада 100 дена пред вонредните парламентарни избори на 12 април.

Тоа е со цел да се формира техничка влада според таканаречниот „Пржински модел“ кој прв пат е применет за изборите во 2016 година.

Претходно владејачката партија СДСМ го прифати предлогот на опозициската ВМРО ДПМНЕ поранешниот директор на Агенцијата за разузнавање Наќе Чулев да биде технички министер за внатрешни работи.

Отако Заев ќе поднесе оставка до Собранието, шефот на државата Стево Пендаровски треба мандат за формирање техничка влада да му даде на министерот за внатрешни работи Оливер Сапсовски по што Собранието до полноќ треба да го потврди новиот кабинет во кој опозицијата има две министерски места и тројца заменици министри.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…