До денес поднесени вкупно 38 барања за амнестија од обвинети за „крвавиот четврток“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Заклучно со денешниот ден, на 24 часа до истекот на рокот за поднесување на барање за амнестија, во Кривичниот суд во Скопје имаат пристигнат вкупно 38 барања за амнестија за дела поврзани со крвавите собраниски настани од ланскиот 27 април.

Во одделите за кривично полнолетни и организиран криминал се доставени поднесоци од лицата кои се опфатени во неколку случаи кои се однесуваат на настаните во Собранието. Рокот истекнува утре во 15 часот.

До сега барање поднеле пратениците Крсто Муковски и Љупчо Димовски, Горан Ангелов-Ќосето, Иван Цветановски, Александар Василевски- Нинџа а според информации од одбраната на обвинетите амнестијата најверојатно ќе побараат и останатите обвинети пратеници Сашо Василевски, Љубен Арнаудов и Јохан Тарчуловски, како и Игор Дурловски, Горан Ѓошевски- Леви, Абдулфета Аљими член од собраниското обезбедување. На последното рочиште Јане Ченто и Игор Југ веќе се изјаснија дека не сакаат милост, туку ќе бараат правда.

Судот и обвинителството ќе имаат рок 5 дена за да одговорат кој ќе биде помилуван а кој не. За насилниот упад во собранието само двајца од 33та обвинети се товарат за поттикнување, останатите се обвинети за кривичното дело терористичко загрозување на уставниот поредок на државата. Меѓутоа амнестија можат да побараат и веќе осудените за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села, како и осудениот за нападот на министерката Радмила Шеќеринска.