Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Граѓаните гласаат на вториот круг од претседателските избори.
За излезноста до 10 часот, од 88,10% одработени гласачки места, информираше Државната изборна комисија.
Во првите три часа од гласањето, гласале 99.192 граѓани, што претставува излезност од 6,31%.
Највисока излезност е забележана во општините Крива Паланка, Демир Капија, Кратово, Берово.
Најмала излезност има во Врапчиште, Дебар, Боговиње.
На 3.480 избирачки места во Републикава и на 32 во странство на шестите претседателски избори можат да гласаат 1.808.131 граѓанин запишани во избирачкиот список.