Длабоко, емотивно, вонвременски – настап на Андреа Бочели во празната миланска катедрала


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Славниот глас Андреа Бочели, вчера, на католички Велигден, одржа концерт за надеж, љубов и поткрепа во празната миланска катедрала во време кога човештвото на големо го менува својот начин на живот и превреднува некои од досега важечките вредности заради епидемијата на коронавирусот која ја тресе планетата.

Во Duomo di Milano, реномираниот италијански тенор отпеа повеќе дела меѓу кои „Ave Maria“. Несекојдневниот концерт „Музика за надеж“ беше пренесуван низ целиот свет.