Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
За разлика од денешните светски „владетели“ кои го управуваат светот на финансиски, воен, социјален и информациски план, а често се гола одлика на површноста на модерното доба, некогашните владетели и освојувачи во светски рамки во голема мера, не така ретко, биле и своевидни мудреци и мислители на нивното време.
Еден од нив, кој еднакво важел за голем освојувач, мудар политичар и владетел и длабок мислител, е османлискиот император, султанот Сулејман Величествениот.
Пред својата смрт, легнат на постелата султанот Сулејман Величествениот го повикал главниот командант на армијата да му ги каже на неговите три последни желби.
Владетелот побарал неговиот ковчег кон вечниот дом да го носат најдобрите доктори на Отоманската империја во тоа време.
Втората желба му била патот по кој ќе патува неговото тело да биде посипан со злато и скапоцени дијаманти.
Третата желба на султанот била неговите раце да бидат надвор од ковчегот и да се гледаат.
Командантот на војската не разбрал што слушнал, па го прашал Сулејман за причината за ваквите желби, на кои Величествениот одговорил:
„Најдобрите лекари ќе го носат моето мртво тело за сите да видат дека дури и најдобрите лекари се немоќни пред лицето на смртта.
Патот посипан со злато треба да им даде на знаење дека целото богатството стекнато во овој живот, останува тука, на овој свет.
Нека сите ги видат и моите раце и нека ја дознаат единствената вистина: дури и владетелот на светот, Султанот Сулејман Величенствениот замина од овој свет со празни раце“.