Home Шоубизнис DJ JosS во новиот подкаст на ROOMANIA

DJ JosS во новиот подкаст на ROOMANIA

Аудио серијалот на диџеј миксови Roomania ја објави втората епизода од сезоната насловена “Cave of hands”, на платформата SoundCloud. ”Cave of hands” или ”Пештера од раце”, ја симболизира временската оддалеченост од живите клупски настани каде дигнатите раце беа синоним за добра забава. Во новата епизода гостин е Стефан Јосифовски – DJ JosS од Битола.

https://soundcloud.com/room-313/roomania-s01e02-joss

Уникатен избор на музика и одличен стил на миксање се работи кои го одликуваат JosS. Посебно внимание посветува на деталите на звукот, без посебни придржувања кон одреден стил. Особена пасија има кон собирање плочи, а со тоа непрекинато ја надоградува домашната колекција. Работи на авторска музика и наскоро се очекува негово издание. Се појавува како дел од тимовите на промотерските организации Акто, Хауз и Пирка.

Следната епизода излегува за две недели. Повеќе информации за аудио серијалот ”Cave of hands”, како и преслушување на претходни и следни епизоди може да следите на soundcloud профилот на Roomania и социјалните мрежи на Room 313.

https://soundcloud.com/room-313/sets/roomania-episodes

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …