Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Драчкото обвинителство заплени документи од локалниот катастар, со што и официјално почна истрагата за околностите кои, за време на минатинеделниот земјотрес, придонесоа за уривањето на низа станбени згради и смртта на 23 лица во тој град, пренесуваат локалните албански медиуми.
„Постои основан сомнеж дека смртните случаи и штетата на објектите се последица на нелегално градење“, се наведува во документот на обвинителството на Драч.
Истрагата е отворена бидејќи обвинителството смета дека смртните случаи и уривањето се последица на нелегално градење или непочитување на прописите и стандардите.
Албанските медиуми наведуваат и дека во земјотресот се оштетени над 5.000 објекти, како и дека во домовите не можат да се вратат околу 9.000 жители на таа држава.
Во неколку десетици училишта наставата нема да може да се одржи сѐ додека не бидат извршени сериозни поправки.
Во земјотресот во Албанија во вторникот, на 26 ноември, загинаа 52 лица, а повеќе стотици се повредени.