„Divide“ – најголемата, најпосетена и најплатена турнеја во историјата на музиката


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Славниот Ед Ширен им се заблагодари на обожавателите кои одлучија да ги посетат неговите настапи во рамки на турнеата „Divide“ и кои придонесоа овие неколку концерти да бидат најголемата, најпосетена и најплатена турнеја во историјата на музиката.

Со оваа турнеја, Ширен собори неколку рекорди кои досега ги држеше планетарно славниот рок бенд U2, пренесува ВВС.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ed Sheeran (@teddysphotos) on

„Divide“ и официјално е најголемата, најпосетена серија музички концерти со најголема заработка на сите времиња. Истата официјално започна 16 март, 2017 година, во Торино, а ќе заврши со концертот во Чантри Парк во Ипсвич, на 26 август оваа година.

Кога ќе дојде последниот концерт, според некои проценки Ед Ширан на пат ќе има поминато 893 дена, наспроти до скоро рекордните 760 колку што U2 патуваше на своите концерти. Исто така, со неговиот настап во Франција во мај, Ширен го надмина рекордот на посетеност на најуспешниот концерт на Боно и екипата. Проценката за вкупната бројка на посетители се движи околу 8,1 милиони.

Во рамки на „Divide“, Ед Ширен одржа рекордни 225 настапи, наспроти 100-те настапи кои ги имаа U2 на нивната турнеја „360“.

Менаџерот на Ширен, Стјуарт Камп, изјави дека овие достигнувања се навистина неверојатни, но славниот музичар, сепак, бил скромен во своите изјави.

„Навистина е голема коинциденција да ме ставаат во ист кош со U2, со чија музика пораснав. Тоа е бенд кој со децении е присутен на глобалната музичка сцена. Тие се легенди, да ме споредувате мене со нив е навистина смешно“, изјави неодамна Ширан.