Дива, порочна и бунтовна: Беше миленичка на модните гиганти – почина болна и сама


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Џиа Каранџи, познатиот светски супермодел, на модната сцена стапи кон крајот на ’70-те години од минатиот век и го освои модниот свет како никој дотогаш.

Уште како 17-годишна девојка стана миленичка на Калвин Клејн, Ралф Лорен, Диор и Џорџо Армани. Беше единствениот модел во светот кој се појави на наслвната страна од Cosmopolitan два пати во една година, а редовно се појавуваше на насловните страници од американското, британското и француското издание на престижниот Vogue.

Проклетството на Studio 54

Во текот на нејзиниот пубертет, Џиа го следеше и обожаваше ликот и делото на Дејвид Боуви, а неретко го имитираше и неговиот необичен и ексцентричен стил. Дивите и аздисани журкања во култниот клуб Studio 54 ги отворија вратите за тогаш младата ѕвезда кон пеколот на дрогата, каде подоцна и заглави. Џиа, после марихуана, почна да консумира кокаин, а подоцна стана и тешка зависничка од хероин.

Соработката со неа била ризичен и мачен процес, бидејќи манекенката често знаела воопшто да не се појави на закажаните снимања или после снимањето, облечена во дизајнерска облека, заминувала да купи дрога. Трагите од иглите и воспалените рани на рацете од дрогирањето било речиси невозможно да се сокријат, а на некои фотографии останувале видливи и после внимателните ретуширања на истите, пренесува Independent.

Кулминација на хероинскиот пекол

Првиот светски супермодел, како што ја нарекуваа многумина, го допре дното после смртта на својот пријател, фотографот Крис фон Вангенхајм, кога часови и часови помина затворена во бањата, вбризгувајќи си хероин во вените.

После тоа, свесна за промените кои дрогата ги донесе во нејзиниот живот, Џиа одлучи да оди на рехабилитација. Но, после излегувањето од клиниката ја дочека ладен туш. Никој од познатите светски модни брендови и дизајнери не сакаше да соработува со неа. Шанса доби од фотографот на Cosmopolitan, но за жал, тоа не беше доволно за Џиа на голема врата да се врати на старите успешни патеки во модната индустрија.

Проституцијата и тажниот крај на Џиа

Повторно почна да се дрогира со хероин, а западна и во пеколот на проституцијата. Има сомнежи дека била силувана неколку пати. На 26 години се врати дома и наскоро дозна дека боледува од сида. Нејзината мајка не дозволуваше посети на нејзината ќерка до 18 ноември, 1986 година, кога Џиа почина.

За нејзината смрт не дозна никој, па никој не се ни појави на нејзиниот погреб. Веста предизвика шок дури неколку недели подоцна, кога излезе во јавност информацијата дека Џиа почина.