Disney обвинет за злоупотреба на славниот израз „хакуна матата“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Над 50.000 потписи досега има собрано петицијата преку која холивудскиот гигант Disney се обвинува за колонијализам и кражба со патентирањето на култната фраза „хакуна матата“ која изворно потекнува од свахили јазикот.

Петицијата ја повика компанијата Disney да не ја користи фразата во комерцијални цели откако таа најави римејк на анимираниот филм The Lion King за следното лето, во кој гласовите ќе ги позајмуваат Бијонсе, Дени Гловер, Чјуетел Ејџиофор.

Изразот го популаризира кениската група Mushrooms, чиј платинест сингл „Jambo Bwana (Hello, Mister)“ ја содржи фразата која „Дизни“ ја искористи во првата верзија на приказната за кралот на лавовите во 1994 година.

Песната „Hakuna Matata“ ја напишаа Елтон Џон и Тим Рајс, а девет години подоцна Disney го патентира изразот како заштитен знак и дел од марката.

Хакуна матата – стил на живот исполнет со среќа, забава, слободно време и безгрижност

Изразот хакуна матата на свахили значи „без грижа“. Свахили се зборива во дел од источна Африка, а официјален јазик е во Кенија, Танзанија, Уганда и ДР Конго.

Шелтон Мпала, кој ја започнал петицијата, ја обвинува компанијата за присвојување.

„Дизни“ не може да заштити како заштитен знак нешто што не измислил, пишува тој Петицијата досега ја потпишале 52.000 луѓе.

Професорот Кимани Нјогу, кој е на чело на работна група која се занимава со прашања од креативната економија, а чија цел е унапредување на културните и јазичните права во Кенија, вели дека користењето на изразот во комерцијални цели е неетичко.

Големите компании на северот ги користат културните добра на Африка за да заработат. Многу добро знаат дека тој израз е сопственост на нардот, дел од културата на цел еден континент, вели Нјогу оценувајќи дека петицијата би можела да влијае и на правниот систем „на северот“, а не само на овој случај.

Хакуна матата е повеќе од израз, додава тој. Машрумс направија од него стил на живот – среќа, забава, слободно време. Изразот е популарен и во истична Африка, се печати на маици и им се продава на туристи. Не е чесно Кенијците да не можат да ја продаваат таа стока во Америка, додава Нјогу.