Дискретна осуда од Владата на изјавата од Сулејман Реџепи дека Македонците се див народ


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


На прашање од новинарите за конкретната навредлива изјава од страна на првиот човек на ИВЗ кај нас, Сулејман Реџепи, кој македонскиот народ го нарече див народ кој нема традиција, владиниот портпарол Миле Бошњаковски, во политички умерен и „срамежлив“ стил, одговори дека Владата осудува било каков говор на омраза.

Иако беше прашан конкретно за изјавата на Реџепи, Бошњаковски генерализирајќи изјави:

„Владата го осудува секој говор на омраза, без разлика дали е искажан на социјални медиуми, на трибини или каде било“.

За скандалозниот говор на првиот човек на ИВЗ, Хелсиншкиот комитет поднесе и кривична пријава.

Жестока реакција за Реџепи имаше и пратеникот Мухамед Зекири, кој го нарече поглаварот на ИВЗ дека е срам за сите.