Директорски чалам: Фондот за здравствено осигурување се поднови со две нови возила од по 41.300 евра


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Фондот за здравствено осигурување пред неколку дена „го освежил“ својот возен парк со два нови автомобили, за што биле издвоени 82.600 евра, или едно возило било набавено по цена од 41.300 евра.

Според податоците објавени на Бирото за јавни набавки, договорот за набавката бил склучен на 20 мај, помеѓу Друштво за производство, трговија и услуги МИ – ДА ГРАНД МОТОРС ДОО Скопје и двајцата директори на Фондот, Стево Крстевски и Фатон Ахмети.

Од договорот може да се види дека на тендерот учествувала само една компанија, а како критериум за избор е наведена најниска цена.

Од Фондот се одлучиле за набавка на две возила од производителот Ford, односно за автомобили од марката „mondeo titanium“.