Home Вебкафе Директорска работа: Наместо на бездомници, парите ги спискала на танчерка (видео)

Директорска работа: Наместо на бездомници, парите ги спискала на танчерка (видео)

Директорката на агенција задолжена за решавање на проблемот со бездомници во Сиетл, Кира Зилстра, беше принудена да си даде оставка од директорската позиција откако беше откриено дека парите од даночните обврзници со кои требало да ги решава проблемите на бездомниците, ги трошела на стриптизерка.

Зилстра ја ангажирала трансродова танчерка наречена Бијонсе Блек Св. Џејмс да ги забавува гостите на годишната конференција, а независниот новинар Кристофер Руфо објави видео од нејзиниот настап на Твитер и ја праша агенцијата за што ги трошела пари од даночните обврзници наменети за решавање на проблемот со бездомниците.

„Со години тврдат дека им се потребни повеќе ресурси за решавање на бездомништвото, но видеото покажува дека е совршено прифатливо за нив да ги трошат парите на даночните обврзници за ангажирање стриптизета“, напиша тој.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Ќе бидам среќна кога… – Како да престанеме да ја одложуваме среќата во животот

Како да се ослободиме од оваа замка и навистина да почнеме да живееме – сега? Колку пати с…