Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Министерот за здравство, Венко Филипче, го разреши од функцијата економскиот директор на Клиниката за гинекологија и акушерство, Валон Беља, откако меѓу него и директорката Викторија Јовановска избила кавга, а Беља на својот Фејсбук профил изнесувал податоци и обвинувања за наводна проневера на средства од страна на Јовановска.
Јовановска и Беља се скараа и си најавија кривични пријави еден за друг. Скандалот почна откако економскиот менаџер Ваљон Беља преку фејсбук стаус ја обвини медицинската директорка Викторија Јовановска за криминал и фаворизирање на една компанија за набавка на реагенси. Јовановска негираше и тврди дека Беља ја уценувал зошто не сакала да го продолжи договорот на двајца советници на Беља за кои тврди дека биле вработени во општина Чаир.
„Прво го известив министерот и тој ми рече да отворам очи цитирам, таму има мафијаши”, изјави пред обвинителствотото економскиот директор на ГАК Ваљон Беља.
„Тој една недела ме уценува, ако не потпишам за советниците ова ќе оди во обвинителство и ќе има бомби”, рече д-р Викторија Јовановска, медицински директор на ГАК.
Економскиот директор Беља тврди дека спротивно на законот медицинскиот менаџер добила апарат донација од компанијата која ја фаворизирала на тендерот. Анализите наместо 3000 чинеле 15.000 денари, а се чекале многу подолго на штета на новороденчиња. Јовановска пак возврати дека со помош на тој апарат смрттноста на предвреме родените ја намалиле од 15 на 6 проценти, а се земало многу помалку крв од бебињата.
Беља документите за кои тврди дека има криминал денеска ги достави до обвинителството и бара институциите да го испитаат случајот. За наредните денови најави нови како што вели скандалозни набавки на скопска гинекологија. Јованосвка пак возврати со најава за кривична пријава против колегата директор за клевета и нарушување на угледот.
Одлуката за негово разрешување ја донел министерот за здравство Венко Филипче поради несоодветен настап на Беља. Кавгата помеѓу двајцата диркеторки почна кога Беља на својот профил напиша дека има проневри на клиниката и дека ќе пријави во јавното обвинителство. На прес реагираа од клиниката за гинекологија со објаснување дека Беља барал хонорано да ангажира двајца советници, Јовановска не гледала причина за овие вработувања и не потипишала.
Беља до обвинителство поднесе пријава. За него проблем било што имало малку вработени Албанци на клиниката, а на прашањето зошто му се потребни двајца советници не одговори.
Валон Беља во јавноста е познат кога во него пред нова година беше пукано во престрелка и за него има три кривични пријави.