Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Ѓоко Котевски си даде оставка од директорското место на затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, откако премиерот Зоран Заев го побара тоа од него, како одговорност за вчерашниот инцидент во кој беа нападнати поранешните министри Јанакиески и Ристовски. Оставката ќе биде депонирана во понедленик кога ќе биде доставен целиот извештај од истрагата.
Детали од истрагата не се соопштуваат. Котевски останува на ставот дека инцидентот бил вербално предизвикан од Ристовски и Јанакиевски, по што биле физички нападнати. Денеска тие биле во добра состојба и префрлени се во т.н Хашки дел. Засилено е и полициското обезбедување.
Имињата на напаѓачите не се соопштуваат, само нивните иницијали кои се совпаѓаат со фејзбук статусот на Мухамед Красниќи, познат како командант Малишева, еден од лидерите на кумановската група во Диво Насеље. Тој упати отворени закани кон поранешните функционери дека нема да се престане со битката за одмазда.
Ниту еден Албанец не се освети за нас до денесе и затоа ние смаи ќе се осветуваме бидејќи сите ќе ни дојдат тука во затворот. Секој политичар кој е вмешан во оваа стапица…и кој ќе ни падне во раце ќе биде истепан и ќе биде скршен од ќотек од страна на било кој член од нашата група. Браво за денес другари, покажавте кој сте. Спиро Ристoвски беше боксуван од Лирим Крашниќи, браво братучед. Миле Јанакиевски беше боксуван од Есат Кафеѓоли. Образот ми го обеливте денес, напиша Красниќи.