Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Првиот човек на српскиот Институт за современа историја Предраг Марковиќ кажа дека прославата на воено-полициската акција Олуја во Книн е еден бизарен настан и дека Хрватска веројатно е едниствената земја во Европа на која национален празник ѝ е тоа што испразниле речиси третина од својата територија од население, пренесува Танјуг.
„Тие не ги убиле како што сакале во Втората светска војна, но таму Срби практично повеќе нема. Значи тие го слават исчезнувањето на населението од третина од својата територија. Јас не знам некој друг таков национален празник во Европа“, кажа Марковиќ по повод 29-годишнината од почетокот на воено-полициската акција.
Марковиќ додава дека во Книн денес не само што нема Срби туку дека Хрватска од тој град и околината направила „пустина“.
Тој смета дека од аспект на државната одговорност поголема е одговорноста на Хрватска за злосторствата во Олуја, отколку на државата Србија за злосторствата во разните војни. „Бидејќи во случајот на српските злосторства тие дела ги правеле паравоени формации, а во случајот на Олуја речиси сите злосторства ги извршиле некои специјални единици на хрватските војска и полиција“, тврди Марковиќ.
„Хрватскиот писател Анте Томиќ најдобро опиша колку е прославата во Книн чудна. Тука се собираат некакви националисти, пијани ветерани и утредента Книн е повторно мртов град. Како оние напуштени градови во каубојските филмови“, наведе Марковиќ.
Истакна дека Хрватска во Книн ја слави победата над полувооружени постари цивили како да ги победиле рускиот генерал-фелдмаршал Михаил Кутузов и лидерот на нацистичка Германија Адолф Хитлер заедно.
„Никогаш послаб и победен противник немало од војската на Република Српска Краина, а Хрватите таа своја победа над полувооружените најчесто постари цивили толку ја величаат што е тоа невкусно.
На нас Србите ни префрлаат дека имаме митови за победите, но ние сме се бореле со турски султани, австриски фелдмаршали, генералите на Хитлер, а тие во нивната победа го победиле Миле Мартиќ (српски политичар во Хрватска, претседател на Република Српска Краина во 1994 и 1995 година)“, наведе Марковиќ за Танјуг.