Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Директорот на скопското јавно претпријатие „Улици и патишта“, Сенад Смаиловиќ – Сенко, во саботата бил уапсен со две пакувања кокаин во Струга, објави Лидер.
Подоцна градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на својот Фесјбук профил да објави дека Смаиловиќ е разрешен од директорската функција.
– На 15.08.2020 во 22.40 часот на ул.„Владо Малески“ во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода С.С.(33) од Скопје, затоа што при преглед кај него бил пронајден кокаин. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок – стои во билтенот на МВР.
Индиректна потврда на веста стаса од градоначалникот Петре Шилегов, кој на Фејсбук напиша:
„Почитувани,
дозволете ме да ја известам јавноста дека досегашниот директор на ЈП Улици и патишта – Скопје денес е разрешен од досегашната фунција“.