Директорот на Основното училиште „Климент Охридски“ во Прилеп си навлече инспекција од МОН со реновираните тоалети


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Министерството за образование и наука ќе испрати инспектори за да извршат надзор во новите тоалети за ученички во основното училиште „Климент Охридски“ во Прилеп изјавиле од министерството за порталот Мкд.мк.

Инспекторите ќе заминат во градот под Марковите кули откако директорот на училиштето, Ахил Јаков, преку Фејсбук се пофали дека во училиштето е завршено реновирањето на тоалетите за учениците и дека тие се сега модерни, убави и опремени со сензори. За дел од родителите е спорно што тие се украсени со логоа на странски скапи модни брендови како Гучи, Версаче, Диор, Зара, Луј Витон…

На фалбите од директорот исто така преку Фесјбук реагираа родителите според кои тоалетите за ученичките во еден дел се не само кич, туку и се спротивни на вредностите на кои нивните деца треба да се учат и воспитуваат.

Покрај цртежи од ликови од цртани филмови и приказни за деца, што според нив е во ред за возраста на децата, им пречи што во женските тоалети се испишани и логоа на скапи модни брендови, па поставуваат прашања дали е тоа согласно на напорите во општеството за правилно воспитување на таа возраст на децата.

Од МОН за Мкд.мк изјавиле дека:

„МОН ги поздравува заложбите на сите општини за обезбедување на подобри услови во училиштата, затоа што најдобрите интереси на учениците треба да бидат основната цел по која и локалните самоуправи и МОН треба да се водат во своето работење. Ја цениме секоја инвестиција во обнова на училишни постории, но секој проект освен што мора да биде во согласност со нормативите и стандардите за училишни објекти, кога станува збор за ентериерно уредување, треба да се внимава тоа да биде и соодветно на возраста на учениците. По однос на споменатото училиште, просветни инспектори ќе направат надзор, по што ќе бидат споделени повеќе информации со јавноста“.

Директорот на училиштетот претходно oбјави видео од реконструираните тоалети и се пофали со зборовите:

„Со посебна чест и гордост објавувам видео од комплетно уредените ултра модерни тоалети во ООУ ‘Климент Охридски’ Прилеп. Посебно макотрпен проект, заборавен од времето на минатиот век… комплетно финансиски обезбеден од локалната самоуправа. Посебна благодарност за донацијата за сензорното осветлување на истите тоалети од фирмата ‘Диадема’ од Прилеп. Со овој проект, завршува комплетната реконструкција на сите тоалети во кругот на училиштето. Се надевам со тек на времето нашето училиште ќе биде едно од најубавите во Македонија”, напиша Јаков.