Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Директорот на скопската Клиника за неврохирургија, Александар Чапароски утрото во полициска станица на информативен разговор бил однесен по пријава на татко на четиринаесетгодишно дете кое требало да замине на лекување во странство, пренесува Фокус повикувајќи се на лекарски извори од клиниката.
Според нашите информации, првиот човек на клиниката побарал од таткото мито од неколку илјади евра за да даде стручно мислење. Нашите извори од клиниката уште тврдат дека директорот по информативниот распит повторно бил вратен на клиниката, од каде што си заминал за кратко време.
Од Фокус уште во текот на денот добиле потврда од МВР за овој случај, но тие не сакаат да споделат повеќе информации. Се потрудивме да стапиме во контакт и со директорот Чапароски, но тој не одговараше на нашите телефонски повици.