Директорот на ФИ: Компаниите кои добија грантови за 15 дена да кажат дали имаат функционири газди


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Јован Деспотовски, актуелен директор на Фондот за иновации чија листа на македонски компании добитници на средства од кај нив предизвика бура од реакции во македонската јавност, Јован Деспотовски, на компаниите кои добија грантови од Фондот им даде рок од 15 дена да се изјаснат со испраќање допис до Фондот дали нивните сопственици се актуелни државни функционери. Нивните апликации повторно ќе се разгледуваат за да се утврди дали има конфликт на интереси.

Деспотовски ја почна прес конференцијата велејќи дека е горд на тоа што го прави.

„Сопругата ми се јави и ми рече да изгледам горд на тоа што го правам затоа што навистина е така“ – рече тој.

Според него дека Фондот постапил исправно и транспарентно. 75 отсто од компаниите кои аплицирале, рече тој, добиле финансиска поддршка. Но не можеше да каже дали Фондот бил свесен за нивната сопственичка структура.

„Договори се уште немаме потпишано, ниту денар не е исплатен на компаниите. Да сакавме нешто да скриени ќе потпишевме договори па ќе ги објавевме резултатите. Секоја компанија има право да се повлече. Ќе ги повикам денеска сите компании во рок од 15 дена до нас да достава изјава во која ќе потврдат или негираат, односно да се изјаснат дали имаат во својата сопственичка структура лице носител на јавна функција или член на нивно потесно семејство“, објаснува Деспотовски.

Извор: Фокус